Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема јавно се огласи за својата иднина откако сите го отпишаа од Реал (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карим Бензема ги разгоре шпекулации за заминување во Саудиска Арабија со својата последна објава на социјалните мрежи, но само неколку часа после ова, даде и официјална изјава за својата фудбалска иднина.

Бензема ги „запали“ Шпанците со последната објава на социјалните мрежи (Фото)

Французинот го доби признанието „Марка Легенда“ кое се доделува на фудбалерите кои одбележаа посебни резултати во Реал Мадрид, а подоцна во интервјуто за истиот медиум даде одговори на прашањата кои му ги поставија дел од присутните новинари.

– Горд сум на својата кариера, се сеќавам на првиот ден кога потпишав со Реал Мадрид. Тогаш бев дете, сакав само да уживам и да настојувам да победувам. Не постои клуб како Реал Мадрид, нема место како „Сантијаго Бернабеу“, стадион на кој играа најголемите во овој спорт.

– За мене посебно важен е Флорентино Перез, тој е човекот кој овозможи денеска да бидам тука. Тој го донесе во Реал мојот идол Зинедин Зидан, а потоа направи и јас да дојдам тука.

– Мојата иднина? Нема зошто да зборувам за иднината, јас сум во Реал Мадрид. Реалноста е друга, а не она што се кажува на интернет, – заврши Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни