Поврзете се со нас

Англија

Белерин: Противниците не не победуваат, ние ги губиме натпреварите

Објавено

на

Тимот на Арсенал уште еднаш ги разочара фановите со ремито против Славија Прага (1-1) во Лига Европа, а тоа значи дека избраниците на Микел Артета ќе мора да се поправат на ревнашот во Чешка, да победат или да излечат реми со добитен резултат (за пласман) ако сакаат место во полуфиналето на второто по ранг европско натпреварување.

„Топчиите“ во 86 минута го отворија резултатот преку Пепе, меѓутоа тоа водство на го задржаа, примија гол кој дефинитивно ги става во далеку потешка ситуација пред возвратниот меч кој е на програмата наредната седмица.

Дефанзивецот Ектор Белерин е загрижен поради тоа што му се случува на Арсенал, односно според него тие самиите си „пукаат во нога“.

-Морам да кажам, се чувствував како да ја имаме играта под контрола цело време, но последните пет минути. Имавме шанси за гол, стигнавме до 1-0 во 85-та минута, а потоа станува збор за тоа како да ја контролираме и управуваме играта. Се ставаме во ситуации во кои не треба да бидеме во таа фаза, тоа ни се случувало и порано.

-Тоа е нешто што е во наши раце и јас тоа го кажав и претходно – тимовите не не победуваат, туку ние ги губиме натпреварите, -истакна Шпанецот.

Клубот од северен Лондон сега го очекува лигашката битка со Шефилд Јунајтед, а потоа споменатиот реванш против Славија во Парага.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни