Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона со посебен твит го прослави првиот кикс на Реал (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид за првпат не славеше оваа сезона во сите натпреварувања, со што се стави крај на серијата од девет победи во низа која ја имаа избраниците на Карло Анчелоти.

„Кралевите“ не успеаја да ја скршат Осасуна и одиграа 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, реми по кое Реал Мадрид и го препушти врвот на Барселона.

После повеќе од 830 дена, или поточно од јуни 2020-та година, Барселона повторно е на првото место во Ла Лига, а тоа е така поради подобрата гол разлика во однос на Реал.

Двата великани имаат изрманет број на поени по седум одиграни кола (19), но Барселона е прва поради гол разликата 19:1 која делува навистина импресивно на стартот.

Со ваквото сценарио, „Ел Класико“ дербито кое е на програмата на 16-ти октомври ќе биде уште повозбудливо, а Барселона со посебен твит го одбележа првиот кикс на Реал и со една слика го прослави првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни