Поврзете се со нас

Евролига

Барселона сигурна против Звезда, Басконија ја надигра Алба (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона не дозволија никакво изненадување и славеа над Црвена Звезда со 82-70 во средбата од 30. коло во Евролигата.

Лидерот на табелата уште во првата четвртина создаде предност по која потоа без проблеми го контролираше резултатот, играта на средбата во „Палау Блауграна“. Ова за каталонците беше 19 сезонско славје и во истото најефикасен беше Миротиќ со 19 поени, Егзум додаде 13, додека Дејвис уфрли 12 кошеви со 6 асистенции.

Најсветла точка кај поразените беше Добриќ со 17 кошеви.

Вториот шпански тим Басконија беше подобар од Алба Берлин со 85-68. По 30 минути домаќините имаа само плус четири (64-60), но потоа во завршниот период со 21-8 го разбија и докрајчија ривалот од Германија.

Гедраитис со 22 поени беше прв стрелец кај победникот, Смит за Алба даде 16 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни