Поврзете се со нас

Германија

Барселона се впушта во завршна офанзива за Левандовски

Објавено

на

Шпанскиот вицешампион Барселона се впушта во завршна офанзива за потписот на полскиот репрезентативец Роберт Левандовски.

Полјакот има уште една година од договорот со Баерн Минхен, но сака нов предизвик во кариерата и тоа во повеќе наврати јавно го потенцијата, па оваа ситуација клубот од Каталонија сака да ја искористи.

Според „Спорт“ Барселона ќе се впушта во завршна офанзива за напаѓачот, офанзива во која ќе се обиде да плати фер цена за играчот кој го години е еден од најдобрите на својата позиција на светот. Барса засега беше тивка, но сега ќе почне поинтензивно да работи на случајот иако нема намера да плати 50 милиони евра, сума која ја бара германскиот првак.

Во шпанскиот тим веруваат дека двете страни ќе можат да најдат решение кое ќе биде задоволувачко за сите како и за самиот Левандовски кој има голема желба да го облече дресот на шпанскиот великан.

Лева веќе ги има договорено личните услови, двегодишен договор со опција за уште една сезона, па сега очекува и тимовите да си подадат рака и да се затвори зделката.

Барса летово ќе оди на турнеја во САД и сака Роберт да биде дел од тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни