Поврзете се со нас

Германија

Баерн за двојно помала сума го купи Сане од Манчестер Сити (Фото)

Објавено

на

Лирој Сане одби да стави потпис на нов договор со Манчестер Сити, а со оглед на тоа што актуелниот истекува наредната година, испрати јасен сигнал дека експресно посакува трансфер во Баерн Минхен.

Баварците го сакаа крилниот напаѓач уште минатото лето и тогаш беа подготвени да платат и 100 милиони евра, но операцијата не се реализираше, а во меѓувреме Сане заработи и тешка повреда на коленото поради која отсуствуваше со месеци.

Една година подоцна, Баерн ќе го добие играчот за двојно помала сума од тоа што требаше да го плати пред 12 месеци, бидејќи уредникот за фудбал на угледниот магазин „Билд“ откри дека двата клуба постигнале договор.

Кристијан Фолк ја пренесе својата инсајдерска информација која ја добил од Баерн Минхен, а според која зделката со Манчестер Сити е комплетирана и Лирој Сане дефинитивно ќе стане играч на германскиот првак.

Баерн ќе му исплати 49 милиони евра на Манчестер Сити како фиксна сума за реализација на трансферот, со тоа што „граѓаните“ во иднина би можеле да заработат уште 11 милиони евра доколку бидат исполнети одрени клаузули кои ги договориле двете страни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни