Поврзете се со нас

Германија

Баерн нема да игра во Купот на Германија, противникот мораше да замине во карантин

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен за неколку дена требаше официјално да ја отвори новата сезона во германскиот фудбал и тоа со Куп дуелот против нисколигашот Бремер СВ, ама тоа нема да се случи.

Имено во таборот на Бремер има заразени со КОВИД-19, па поради тоа целиот тим мора да биде ставен под карантин. Ова автоматски значеше дека закажаниот натпревар за 6 август мора да биде одложен, па сега фудбалската федерација во консултација со двата клуба ќе мора да најде нов термин за одигрување на оваа битка од Куп натпреварувањето.

За Баерн пак ова ќе значи дека ќе мора да почека до 13 август за првиот официјален меч во кампањата 2021/2022 против Борусија Менхенгладбах во рамките на Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни