Поврзете се со нас

Германија

Баерн го загубил трпението со Коман и веќе го избрал неговиот наследник

Објавено

на

Баерн Минхен посакуваше да го задржи Кингсли Коман во своите редови, но очигледно Французинот има поинакви планови.

Германските медиуми пренесуваат дека клубот веќе го загубил трпението и не планира да ги продолжи преговорите за нов договор, оставајќи му можност на Коман да размислува за следниот предизвик.

Во својата последна изјава фудбалерот појасни дека постои шанса да си замине од Баерн, а сега таквото сценарио е пореално и веројатно Коман ќе има нов клуб следната сезона.

Договорот на Французинот истекува во 2023 година, па Баерн ќе сака трансфер една година порано за да може да заработи одредена сума од истиот.

Најавите се дека главен фаворит за наследник на Коман е Луис Диаз, кој настапува за Порто и репрезентацијата на Колумбија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни