Германија
Баерн го потврди новиот спортски директор, ангажираше оперативец со врвно педигре

Баерн Минхен денеска потврди дека нов спортски директор на клубот од 1. септември ќе биде Кристоф Фројнд.
Германскиот великан одреден период беше во потрага по наследник на Хасан Салихамиџиќ, а успеа без многу шпекулации да го договори досегашниот прв фудбалски оперативец на РБ Салцбург.
За 46-годишниот Австриец ова ќе биде прво искуство во германската Бундеслига, но гаранција за неговиот квалитет се трансферите кои на Салцбург му овозможија да обезбеди сериозен профит, но и солидни натпреварувачки резултати.
Фројнд прв успеа да забележи играчи како Халанд, Адејеми, Собослаи, Мане, Упамекано и други, а по нивниот придонес во австриската екипа, истите заминаа носејќи му посакувана заработувачка на австрискиот прволигаш.
Изминатиот период, Фројнд имал понуда и од Челси, но решил да остане во РБ Салцбург, но очигледно не можел да ја одбие понудата на Баерн, кој од него ќе очекува да влече важни потези во однос на идните трансфери на клубот.
ℹ Dienstantritt am 1. September: FC Bayern holt Christoph Freund als Sportdirektor.
— FC Bayern München (@FCBayern) July 18, 2023
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 11 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..