Поврзете се со нас

Балкан

Бабунски стрелаше во македонската пресметка во Бугарија (ВИДЕО)

Објавено

на

Поранешниот младински репрезентативец, Дориан Бабунски беше стрелец за Борец Враца на денешната пресметка против Славија Софија во разигрувањето за опстанок во првата лига на Бугарија.

Бабунски беше автор на единствениот гол за својата екипа и тоа гол со глава во финишот на првото полувреме. Дориан погоди за 1-1, резултат кој на крајот се покажа како конечен на оваа средба.

Ова за напаѓачот беше втор сезонски погодок, првиот беше против Етар.

Инаку во таборот на Славија настапија Филип Антовски и ветеранот Дарко Тасевски. Првиот го одигра целиот меч, додека Даре доби шанса во судиското продолжение на второто полувреме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни