Поврзете се со нас

Англија

Артета по новата победа: Ми се допадна карактерот на овој Арсенал

Објавено

на

Арсенал ја продолжи позитивната серија во Премиер лигата со победа над Саутемптон, а „топчиите“ успеаја да направат и пресврт откако први примија гол на незгодното гостување.

Менаџерот Микел Артета вели дека победила на тежок терен и испрати комплименти за своите фудбалери.

– Саутепмтон е опасна екипа, посебно во офанзивниот дел, знаат да се заканат и со транзиција, но ние се спротивставивме добро вечерва.

– Во одредени моменти доминиравме и ги постигнавме головите со кои си ја олеснивме работата.

– Ми се допадна карактерот на мојот тим, бидејќи први примивме гол, но брзо се вративме резултатски, покажавме самодоверба и оставивме позитивен впечаток. Се уште има простор за напредок, мора да бидеме подобри на следниот натпревар, – изјавил Артета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни