Англија
Артета не потврдува дека ќе го врати Обамејанг во составот, Арсенал добил примамлива понуда за напаѓачот

Стратегот на Арсенал, Микел Артета потврди дека фудбалерот се вратил во Северен Лондон откако имал срцеви проблеми по прележаниот Ковид-19 кој го оддалечи од настап на африканскиот Куп на нациите.
Обамејанг кој сега е подложен на дополнителни тестирања се уште е во немилост на стратегот на „топчиите“ кој одби да потврди дали фудбалерот ќе се врати во првиот тим откако ќе ги надмине здравствените проблеми.
– Тој е во Лондон, доби Ковид-19, па се врати тука. Мора да бидеме сигурни дека здравјето на играчот е на најдобро можно ниво, а потоа ќе видиме што ќе се случи и дали ќе се врати во тимот, -изјави Микел Артета за ситуацијата околу Обамејанг.
Инаку, медиумите во Англија веќе пренесуваат дека саудискиот Ал Наср испратил сериозна понуда на адреса на Арсенал.
Ал Наср го побарал Обамејанг на шестмесечна позајмица со тоа што се согласил да плати осум милиони евра како обесштетување за позајмицата, плус тоа да ја исплаќа во целос високата плата на Габонецот.
Ова секако дека би била прифатлива понуда за Арсенал, но останува да се види дали Обамејанг ќе се согласи да направи трансфер во тимот кој се поврзува со ангажман и на нашиот Столе Димитриевски.
-
Францијапред 24 часа
Премиерлигаш се обидел да ја искористи „битката“ на ПСЖ и Реал за Мбапе
-
Англијапред 17 часа
Фердинанд: Јунајтед е еден од најлошите клубови во светот за испраќање легенди!
-
Италијапред 21 час
Ди Марија му рекол „да“ на најзагреаниот клуб за неговиот потпис
-
НБАпред 24 часа
Голем скандал: НБА играч и се заканувал со пиштол на својата партнерка
-
Светски првенствапред 13 часа
Преседан во најава: Италија може да игра на Мундијалот, тоа го најави висок спортски работник од оваа земја
-
Лига на шампионипред 21 час
Чеферин со најава за големото финале во ЛШ: Реал има слаба одбрана, но девет животи!
-
Шпанијапред 23 часа
Куман и Лапорта се сретнаа првпат по отказот, средбата потврди колку се „почитуваат“ (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Дибала го направи последното селфи на „Алијанц“, на него се и двајца „специјални гости“ (Фото)