Поврзете се со нас

Англија

Арсенал разгледува уште една опција за трампа: Фудбалер на Рома во замена за Микитарјан

Објавено

на

Откако во претходните неколку денови излегоа информации дека Арсенал е заинтересиран во своите редови да го донесе Томас Парти од Атлетико Мадрид, а за таа цел во спротивен правец да го испрати Александре Лаказет, денес медиумите во Италија пренесуваат уште една трансфер сторија поврзана со „топчиите“.

Имен, Микаел Артета нема да смета на ерменскиот репрезентативец Хенрик Миктарјан кој пак е посакуван од неговиот сегашен клуб, Рома.

Офанзивецот игра во Рома како позајмен фудбалер и голема е веројатноста тој перманентно да остане во главниот град на Италија.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Арсенал наместо пари, од Рома ќе го побара нивниот талентиран фудбалер и син на легендарниот Патрик, Џастин Клајверт.

Клајверт се пресели во Рома во 2018 година од редовите на Ајакс, но стилот на фудбал во Италија не му прилега, па планира да замине во лига каде се негува поофанзивен фудбал.

Арсенал пројавил интерес и додека тој беше член на Ајакс, а сега конечно ќе добие прилика да го ангажира во своите редови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни