Поврзете се со нас

Свет

Аргентинецот кој направи селфи со телото на Марадона бара помош од полицијата (Видео)

Објавено

на

Аргентинската јавност беше шокирана од потегот на неколку луѓе, кои ја искористиле можноста да се приближат до ковчегот со телото на Диего Марадона, за да направат морбидно селфи со починатата фудбалска легенда.

Медиумите открија дека се работи за вработени во погребалната компанија, која била задолжена за погребната церемонија, а тие експресно заработиле отказ, но и смртни закани од фановите на Марадона.

Тие не можеа да го прифатат фактот што некој се обидел да се промовира себеси на таков неодговорен начин, а денеска низ аргентинската јавност кружи информацијата дека еден од нив бил пронајден мртов.

Аргентинецот Диего Молина јавно молеше за прошка и призна дека направил голема глупост, па дури и бараше помош од полицијата бидејќи се плашел за својот живот.

Информацијата беше проследена со видео, но се чини дека случајот не е поврзан со Молина, бидејќи тој денеска сам се пријавил во полициска станица, за да даде изјава за инцидентот за кој сигурно ќе сноси одговорност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни