Поврзете се со нас

Светски првенства

Аргентинците пронашле начин како Агуеро да добие медал како светски шампион

Објавено

на

Аргентина по пауза од 36 години повторно се искачи на врвот на светскиот фудбал и со тоа ја врати насмевката, среќата во земјата во која овој спорт е како религија.

На оваа титула многу и се израдува Серхио Агуеро кој веќе некое време е во пензија поради здравствени проблеми, па можевме да видиме како поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Барселона и Атлетико Мадрид е присутен на теренот, слави со играчите, потоа и во соблекувалната на што имаше и такви што му фаќаа сеир од проста причина што не е дел од тимот.

Меѓутоа според последните информации Агуеро и тоа како е дел од целата екипа, експедиција, затоа што од страна на Аргентинците бил пријавен како еден од помошниците на селекторот Лионел Скалони што значи дека добива медала и е светски шампион.

Кун во кариерата одигра 101 меч за Аргентина и беше автор на 41 погодок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни