Поврзете се со нас

Свет

Анте Томиќ замина од Барселона, но останува во Каталонија

Објавено

на

Хрватскиот кошаркар Анте Томиќ се раздели со Барселона, но кариерата ќе ја продолжи во Каталонија.

Од денеска и официјално, Томиќ е нов член на Хувентуд од Бадалона и ќе му биде нов соиграч на нашиот Нено Димитријевиќ.

Хувентуд прави реконструкција на тимот, но ќе ги задржи амбициите во домашното првенство и Еврокупот, па добро му ќе му дојде искуството на Томиќ кој зад себе има многу натпревари во Ендеса лигата, но и во Евролигата.

Томиќ последните десет години настапува во Шпанија, поточно најпрвин во Реал Мадрид и дури седум сезони во Барселона, а во 417 одиграни натпревари има просек од 10,2 поени и 5,9 скокови по натпревар.

Хувентуд го обезбеди Томиќ за наредните две сезони, со опција за продолжување на договорот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни