Поврзете се со нас

Англија

Анри на брутален начин го понижи Тотенхем: Извинете кој? (Видео)

Објавено

на

Легендарниот поранешен фудбалер на Арсенал, Тјери Анри се уште не го заборава ривалството со градскиот ривал на неговиот некогашен клуб, Тотенхем.

Така, некогашниот расен стрелец на голови за „топчиите“ при учеството во една емисија за францускиот фудбал на брутален начин го понижи тимот на Тотенхем.

Еден од гостите во емисијата го запраша Анри за ситуацијата во Рен откако тимот загуби со 2:0 од Реимс, а веднаш потоа ги очекувал натпревар со англискиот клуб.

– Ова е втор пораз по ред за Рен и треба да бидат загрижени за тоа, плус во четврток ќе се соочат со Тотенхем, -изјави гостинот во студиото на „Амазон Прајм“.

На ваквите зборови Анри имаше урнебесен одговор и само кратко изјави: -Извинете кој? Не ги познавам, -изјави миленикот на фановите на Арсенал упатувајќи јасна провокација до Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни