Поврзете се со нас

Англија

Анхелињо: Гвардиола ме уби мене и мојата самодоверба!

Објавено

на

Шпанскиот интернационалец Анхелињо пред неколку денови официјално го комплетираше трансферот од Манчестер Сити во РБ Лајпциг, потег кој му даде поголем простор и слобода да се отвори и каже што мисли за Пеп Гвардиола.

Анхелињо во 2019 година се врати во Сити по успешната епизода во ПСВ, меѓутоа не доби вистинска шанса и одигра само шест натпревари по што беше испратен на позајмица во Лајпциг каде фантастично се најде и со своите партии се избори за перманентен трансфер во редовите на „биковите“.

-Пеп ме уби мене и мојата самодоверба. По моето враќање во Сити од ПСВ, тој донесе заклучок  по само две пријателски натпревари и потоа не ми даде вистнска шанса. Бев среќен што се преселив во Лајпциг и што станав важен дел од овој тим, -рече бекот кој направи споредна меѓу Пеп и сегашниот тренер Јулијан Нагелсман.

-Едниот ми даде самодоверба и ме остави да играм, другиот не ме пушташе. Во Лајпциг од првиот ден чувствував дека веруваат во мене. Клубот и тренерот ми дадоа ветер во грб, среќен сум што играм постојано во Лајпциг, -порача Анхелињо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни