Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Ангеловски веднаш направи анализа: Натпреварот го загубивме заради две клучни работи

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер не успеа да оствари позитивен резултат на соочувањето со Загреб во Лигата на шампионите, средба која ја загубија со еден гол разлика 23:22.

Актуелниот македонски првак се бореше низ сите 60 минути, но и овојпат му фалеше одредена нијанса, потег за да дојде до првиот бод/бодови во елитното натпреварување. Според тренерот Бранислав Ангеловски овој негативен резултат се должи на две работи, лошата реализација во првиот дел и бавното враќање во одбрана во второто полувреме.

-Им благодарам oд срце на сите навивачи што ни дадоа поддршка и што во оваа ладна битолска ноќ ги заменија своите домови со салата и не бодреа во живо. Жал ми е што не победивме, имавме неколку шанси. Работевме добро во претходните денови, натпреварот го загубивме со две клучни работи – прво полувреме реализацијата, а во второто тоа беше враќањето кое ни беше очајно, иако знаевме дека Дибиров на оваа страна ќе оди на брз центар и ќе напаѓа од десно.

-Тоа беа клучни работи да не можеме да напаѓаме за нерешено или за водство. На секој наш даден гол, примавме брзо гол, иако игравме само со една измена одбрана-напад. Тоа е единствената замерка која ја имав. Вториот тајм-аут го зедов за одбраната и враќањето, ама  пак примивме два гола. Со одбраната 5-1 добивме некоја агресивност, ама на крајот одлучија тие два гола. Му честитам на Загреб за одличната претстава и му посакувам многу среќа во понатамошниот тек на ЛШ, -истакна Ангеловски.

Следната средба за „фармацевтите“ во ЛШ е против ПСЖ на 14 февруари во Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни