Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски направи комплетна револуција во стартната постава за мечот со Ерменија (Фото)

Објавено

на

Македонскиот селектор Игор Ангеловски направи комплетна револуција во стартната постава за мечот со Ерменија, нешто што можеше и да се очекува со оглед на проблемите кои настанаа со неколку повредени, но и суспендирани фудаблери.

Предводникот на нашиот тим нагласи дека има доверба во сите играчи кои отпатуваа за Кипар, па верува дека ќе може да се оствари поволен резултат и со видно изменетиот тим, во кој со исклучок на Ристовски, Велковски и Муслиу, ниту еден не беше стартер на историскиот меч со Грузија.

На голот ќе биде Шишковски, во стоперската тројка друштво на Велковски и Муслиу ќе им прави Зајков, а за десен бек е поставен Бејтулаи.

Стефан Ристовски одново ќе ја зазема левата бековска страна и ќе делува во одбрана и напад како со Естонија, додека за централни играчи во средината се поставени Тотре и Костадинов.

Во нападот, Ангеловски им даде шанса на тројца играчи, а покрај Трајковски, денеска во офанзивата се наоѓаат уште Стојановски и Тричковски. Само за потсетување, на натпреварот со Ерменија ни одговара и реми исход, бидејќи и со освоен бод ќе го осигураме првото место во групата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни