Поврзете се со нас

Репрезентација

Ангеловски ја посочи главната причина за поразот од Романија: Имам замерка само за една работа

Објавено

на

Македонија со пораз од Романија (3-2) го отвори мундијалскиот квалификациски циклус, пораз на кој тешко му падна на нашиот селектор Игор Ангеловски кој смета дека сме заслужиле најмалку бод од битката во Букурешт.

Ние губевме со 2-0 за да во во период од две минути (82-83) дојдеме до резултат 2-2, но на крајот домаќините го имаа последниот збор и преку Хаџи дојдоа до трите бода.

-Честитки за победата на Романија. Жалосно е за еден тренер е кога неговиот тим ќе создаде многу шанси за погодок и на крајот нема да освои ниту бод. Ова беше гостински натпревар против селекција од вториот шешир и покажавме дека можеме да се носиме со поквалитетни репрезентации. Не не смееме тука да застанеме и треба да реагираме.

-Ни фалеше подобра реализацијата, затаивме на тој план. Клучен момент беше што немавме реализација. Не паметам дека сме направиме толку шанси против селекција од овој ранг. Не освоивме бод само заради нереализираните шанси.  Единствено што можам да им замерам на фудбалерите е лошата реализација, -истакна популарниот Мрме на пресот по натпреварот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни