Поврзете се со нас

Свет

Ангеловски добива нова опција за офанзивата: Македонец блеска во најсилната шведска лига (Видео)

Објавено

на

Се чини дека селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски не мора да се грижи барем кога во прашање е левата офанзивна страна во тимот.

Прв избор тука е фудбалерот на Лидс, Џани Алиоски кој редовно нуди одлични партии за нашата репрезентација, а сега се појави и негова можна замена.

Станува збор за 24 годишниот фудбалер на шведски Варбергс, Даниел Крезиќ. Играчот има слични карактеристики како Алиоски и веќе две години е редовен во овој клуб.

Варбергс од оваа сезона игра во најсилната лига во Шведска, а почетокот им е навистина добар со две победи, еден нерешен резутлат и еден пораз.

Крезиќ досега ги одигра сите натпревари, а на вчерашниот дуел против Фалкенберг успеа да постигне и спектакуларен погодок.

Фудбалерот веќе ги помина сите младински селекции на репрезентацијата на Македонија, па сега чека повик и од Ангеловски. Доколку продолжи со ваквите настапи голема е веројатноста да добие шанса и за клучниот натпревар против Косово во рамките од полуфиналето од Лигата на нациите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни