Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти за своите први две измени: Не го покажаа потребниот квалитет

Објавено

на

Како што најави по освоената титула во европскиот Суперкуп, Карло Анчелоти изминатава вечер ги „измеша картите“ во стартната постава, па на гостувањето во Алмерија им даде шанса на двете нови засилувања, но и на Едуардо Камавинга.

Антонио Ридигер доби доста критики од јавноста за голот кој го прими Реал Мадрид, по кој „кралевите“ мораа да бркаат негатива и пресврт во останатиот дел од мечот.

Анчелоти не се согласува со тоа и порача дека стоперот имал добра партија, но призна дека останатите двајца, односно младите Камавинга и Чуамени останале импресионирани од тоа што се стартери и не биле на препознатливото ниво од тренинзите.

– За мене Ридигер имаше одличен меч. Тој има големо искуство и добро се снајде во повеќе ситуации. Двајцата млади играчи во стартната постава не одиграа онака како што знаат (алудирајќи на Камавинга и Чуамени).

– Овојпат не го покажаа квалитетот кој редовно го прикажуваат на тренинзите, но тоа е доста нормално за нив. Тие се многу млади, а овој дрес навистина многу тежи. Го извадив Камавинга уште на стартот на вториот дел бидејќи имаше жолт картон и не сакав да останеме со десет играчи. Алмерија беше опасна на контри и тоа беше ризик, – изјави Анчелоти.

Италијанецот го извади и Чуамени во 58-та минута, а со влегувањето на Модриќ, Азар и Алаба, Реал направи пресврт и славеше со резултат 1:2 на првото гостување во новата сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни