Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти му одговори на Чави и ја изнасмеа цела сала: Ако дедо ми имаше тркала…… (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти има одличен однос со шпанските новинари како тренер на Реал Мадрид и доста често знае да влезе во шеговите конверзација, а така било и ова попладне на неговото обраќање пред натпреварот во Ла Лига.

„Кралевите“ утре играат против Валјадолид на домашен терен и се големи фаворити за освојување на трите бода, па токму поради тоа, најмалку прашање биле поставени за противникот.

Претставниците на седмата сила се фокусирале на теми кои се доста интересни во последно време, како што е изјавата на Чави Ернандес кој вчера се пожали за третманот кој го добива Гави.

Тренерот на Барса истакна дека Гави добива критики за грубата и жестока игра само поради тоа што е играч на Барса, а новинарот го запраша Анчелоти што мисли за тоа и дали истото се случува и со Винисиус Жуниор.

– Ако дедо ми имаше тркала, ќе беше автомобил……, – изјави Карло со што ги изнасмеа сите во салата.

– Ова е фудбал, секој си има свои проблеми и најважно е секој да си ја врши работата и да ги почитува останатите. Се друго не е толку важно, – додал Анчелоти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни