Поврзете се со нас

Македонија

Анчелоти му испрати директна порака на Милан за Ибрахимовиќ

Објавено

на

Искусниот италијански стратег и сегашен предводник на премиерлигашот Евертон, Карло Анчелоти му испрати порака, совет до неговиот поранешен клуб Милан која се однесува на Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот на почетокот на оваа година се врати на „Сан Сиро“, ама понатаму останува неизвесно дали ќе остане во сегашната средина по крајот на кампањата. Анчелоти смета дека одговорот на тоа прашање треба да биде едноставен, односно управата да направи се што може за да Ибра продолжи да го носи „црвено-црниот дрес.

-Продолжувањето на договорот на Ибра не е само коректно, туку должност. Тој и понатаму е незаменлив играч. Мислам дека направија добра работа со останувањето на Пиоли, тој заврши одлична работа. Го извлече тимот од тешкотиите, -истакна Дон Карло за Радио Раи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни