Поврзете се со нас

Шпанија

Анчелоти им одговори на аналитичарите кои ја критикуваа дефанзивната поставеност на Реал против Сити

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Карло Анчелоти доби нова тактичка битка со Пеп Гвардиола и излезе како победник од двомечот во четвртфиналето, но Италијанецот доби и одреден дел критики поради начинот на кој играше неговиот тим на гостувањето на „Итихад“.

Реал имаше две одбранбени линии и играше многу ниско во својата половина, а веднаш по победата на пенали, Карлето порача дека тоа бил единствениот начин да се неутрализира европскиот шампион Сити.

Тактичката определба на Италијанецот многумина ја споредија со легендарното „катеначо“, а бидејќи имаше и заклучоци дека таквата игра не оди во иста реченица со историјата на Реал Мадрид, Дон Карло сега излезе со интересен став пред шпанските новинари.

Во најавата за „Ел Класико“ дербито кое се игра утре, Анчелоти употреби една шпанска поговорка која многу му се допадната, а која сега ја искористи за да им одговори на критичарите.

– Не сум изненаден од критиките, секој може слободно да каже што мисли. Треба добро да се снајдете која ја имате топката и кога ја немате. Ние тоа го правевме многу добро и можам да ви кажам дека не сретнав ниту еден мадридист кој е тажен поради начинот на кој победивме. Зборувајте ми дека морето е сино……, тоа е шпанска поговорка која ја научив и која многу ми се допаѓа, – изјави Анчелоти

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни