Поврзете се со нас

Франција

Алваро со „кунг-фу“ техника се обиде да го сопре Нејмар, па си нанесе ужасна повреда (Видео)

Објавено

на

Алваро и Нејмар продолжија да се гледаат како големи непријатели на теренот и во нивната трета епизода оваа сезона видовме нови опасни стартови, но и епилог кој никој не го очекуваше, а воедно и не го посакуваше.

Нејмар влезе како резерва во големото дерби при резултат 0:2 за ПСЖ и ги одигра последните 25 минути, но Алваро беше посебно мотивиран да го чува Бразилецот, до тој степен што одново не се штедеше.

Шпанскиот стопер најпрво испроба една кунг-фу техника која не се покажа како успешна, а во продолжението од акцијата во обид да го стигне напаѓачот на „светците“, самиот си нанесе ужасна повреда на коленото која не изгледаше воопшто добро.

Судиите проценија дека Алваро немал намера за прекршок и не досудија пенал, но најдебелиот крај го извлече дефанзивецот кој одеше префуриозно на Нејмар, па си нанесе повреда која може долго да го оддалечи од терените, бидејќи неговото колено не изгледаше воопшто добро кога беше изнесен од теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни