Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Алушовски: Знаеме каде потфрливме во Скопје, ќе имаме големи шанси ако ги поправиме грешките

Објавено

на

Вардар вечерва му гостува на Кјелце во Полска во вториот натпревар меѓу двата доби познаници во Лигата на шампионите, дуел пред кој на неколку часа пред стартот, стана познато дека домашниот тим ќе има еден голем хендикеп.

Игор Карачиќ во последен момент отпадна од комбинација за настап и тренерот Душебаев не го вклучи во својата официјална листа за натпреварот, вест која секако е позитивна за нашиот тим со оглед на квалитетот кој го поседува фантастичниот хрватски ракометар.

Актуелниот европски првак со максимална анализа на првиот меч во Скопје замина во Полска, а по најавите на Вујин и Георгиевски, подобро издание на тимот вечерва очекува и тренерот Алушовски.

– Пред нас е реваншот со Кјелце во Полска, на нивен терен што не прави голема разлика. Ќе биде исто како и во Скопје, ќе се игра пред празни трибини. Ги знаевме и од претходно, ги анализиравме и пред мечот во Скопје, но по тој натпревар имавме дополнителни четири дена за да видиме каде грешевме.

– Секако дека има простор за напредок, особено во играта во одбрана каде потфрливме бидејќи за првпат примивме 33 гола. Се надевам на добар натпревар во Кјелце, подобар од оној првиот во Скопје. Очекувам неивесен меч и имаме шанса за позитивен епилог, особено ако ја поправиме играта во одбрана и ако нашите голмани понудат повеќе од тоа што го прикажаа во Скопје, – порача Алушовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни