Поврзете се со нас

Македонија

Алушовски направи пресек и избра кои ракометари ќе го претставуваат Вардар во новата сезона

Објавено

на

По промената на раководството и турбуленциите кои ги имаше цели две сезони во Вардар, новиот претседателот Михајло Михајловски успеа да се избори и состави навистина респктабилен тим доведувајќи неколку засилувања, но откако беше изведена цела трансфер операција, на тренерот Стевче Алушовски му припадна најтешката задача.

Тренерот на Вардар мораше да направи пресек и пред стартот на сезоната одлучи на кои ракометари ќе смета во новата кампања, а тоа негативно се одрази врз неколку ракометари кои до оваа сезона беа дел од Вардар Јуниор.

Од младинскиот погод, Алушовски ги задржа Мартин Карапалевски, Давид Гашоски и Давид Савревски, додека останатите играчи му се отстапени на тимот на Работнички.

До денеска, Алушовски на своите тренинзи имаше прекумерна бројка играчи, а во следниот период ќе продолжи со подготовките со 21 играч и планот е Вардар да настапи на ракометниот турнир во Струга кој се игра од 12-ти до 16-ти август.

 

Во сезоната 2020/2021 тимот на Вардар 1961 ќе го сочинуваат:

ГОЛМАНИ
Борко Ристовски
Робин Кантагрел
Марко Кизиќ

ПИВОТМЕНИ
Стојанче Стоилов
Глеб Калараш
Давид Гашоски
Патрик Валчак

КРИЛА
Димитар Димитриоски
Тимур Дибиров
Гоце Георгиевски
Иван Чупиќ

БЕКОВИ
Мартин Карапалевски
Кристијан Дисингер
Филип Талески
Анте Гаџа
Томислав Јагуриновски
Марко Вујин
Јосип Векиќ
Давид Савревски
Ловро Јотиќ
Марко Мишевски

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни