Поврзете се со нас

СЕХА лига

Алушовски: Добивме опомена од Нексе, играчите допрва треба да се вклопат во системот

Објавено

на

Вардар деветти пат ќе биде дел од завршниот турнир во СЕХА лигата, но македонскиот првак ќе отпатува во Задар со измешани чувства, бидејќи подготвителните натпревари  и оној против Нексе пред Ф4 турнирот секако беа лоша увертира за предизвиците кои следат.

„Црвено-црните“ имаа многу среќа против Нексе и на крајот успеаја по деветти пат да се пласираат на завршниот турнир и покрај поразот, па сега следен противник во полуфиналето ќе биде составот на ППД Загреб.

– Поразот од Нексе за среќа беше како победа, бидејќи се пласиравме на Ф4 турнирот по деветти пат. Направивме добра анализа за она што го одработивме досега, натпреварот против Нексе е добра опомена за сите нас. Сега имаме нов ростер и не смееме пред време да се сметаме за фаворити.

– Имаме девет нови играчи кои треба допрва да се вклопат во системот и да се адаптираат на средината. Следен предизвик е Загреб на турнирот во Задар, тоа е тим кој исто така не се прослави на подготовките. Сепак, кога ќе излеземе на теренот, ќе се игра балканско дерби и на крајот може да одлучува една топка. Главна цел ни е Загреб, ќе видиме што ќе следи после тоа, – изјави тренерот Стевче Алушовски.

Инаку, Вардар е бранител на титулата на актуелниот турнир кој ќе се одигра во Задар, а на истиот ќе се обиде да дојде до шестата титула.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни