Поврзете се со нас

Шпанија

Алонсо пристигнува во Барселона, но ќе почека за регистрирање

Објавено

на

Маркос Алонсо денеска ќе пристигне во Барселона и ќе потпише договор со каталонскиот гигант, со што раководството ќе му исполни уште една желба на тренерот Чави Ернандес.

Освежувањето на позицијата лев бек доаѓа по долги шпекулации дека повремениот шпански репрезентативец ќе го облече дресот на Барса, а во овој преоден рок ќе му се приклучи на Андреас Кристенсен, кој исто така дојде од Челси.

За разлика од Данецот, Алонсо ќе ја чини Барселона околу 10 милиони евра, а денеска или утре треба да ги мине рутинските лекарски прегледи.

Проблемот со регистрирање нови фудбалери останува актуелен, па левиот бек ќе чека некој да замине за да може да дебитира за својот нов клуб.

Алонсо потекнува од младинската академија на Реал Мадрид, но не доби вистинска шанса во „кралскиот клуб“ и одамна ја имаше напуштено Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни