Поврзете се со нас

АТП

Алкарас по тенискиот час кој го доби од Ѓоковиќ: Ако сакам да бидам на негово ниво…

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Карлос Алкарас за првпат во кариерата играше на завршниот Мастерс турнир и го заврши истиот со биланс од две победи и два порази, но последниот неуспех дојде од неговиот најголем ривал во 2023-та година.

Младиот шпански тенисер го предизвика шестрактниот освојувач на турнирот на кој играат најдобрите осум тенисери, но изминатава вечер во ниту еден момент немаше долгорочно решение за Новак Ѓоковиќ.

Алкарас успеа да му зададе тежок удар на Србинот со тоа што го победи во финалето на Вимблдон, но оттогаш загуби на два меча, а претходно беше неуспешен и на Ролан Гарос. Поразот во Торино беше убедливо најтежок и изразен со резултат 6:3 и 6:2, по што Алкарас призна дека има уште многу за учење за да го достигне нивото на Ноле кога се игра тенис во завторени услови во сала.

– Секогаш е многу тешко да се игра против Новак, игра на исто ниво во текот на целиот меч. Квалитетот на неговите удари е неверојатен, игра длабоко во вашето поле и не ви дава време за размислување. Повторно ни покажа зошто е најдобар во светот. За мене беше многу тешко да фатам ритам, освојував еден добар поен, а потоа имав три или четири лоши. Почувствував дека не сум на негово ниво кога се игра во сала. Играв против него на Вимблдон, Синсинати и Ролан Гарос, на тие мечеви бев на негово ниво, но овојпат не.

– Мора да тренирам многу подобро, во вакви услови не сум на негово ниво. Тој има поголемо искуство и многу мечеви на ваква подлога, едноставно е опасен од секој тениски аспект. Многупати грешев со првиот удар откако ќе сервирам, а тоа е недозволиво кога играте против Новак. Овој пораз ќе ми послужи како добра лекција за пресезоната која ќе ја имам. Во овој момент знам во што се треба да се подобрам за да бидам до него, знам што треба да подобрам за да го победам најдобриот во светот. Морам да зборувам со мојот тренер Фереро, мора да тренираме многу работи. Овој меч посебно ќе го анализирам, ќе се фокусирам посебно на овој меч. Ќе ги избришам пресметките од Ролан Гарос, Вимблдон и Синсинати и ќе се фокусирам на овој меч. За да бидам на негово ниво, морам да ги поправам грешките од овој меч, – изјави Алкарас.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни