Поврзете се со нас

АТП

Алкарас го шокираше Циципас, на Гркот не му помогна ниту тоалет паузата

Објавено

на

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас го изненади Стефанос Циципас на Ју-Ес Опен, победувајќи го со 3:2 на веројатно најдобриот меч одигран досега на турнирот.

Алкарас го доби првиот сет и најави дека ќе оди на изненадување, а иако Циципас израмни на 1:1, шпанскиот тинејџер се извелече од тешка ситуација во третиот сет, за да го добие преку тај-брејк.

Следуваше ново израмнување, но и петти сет во кој Алкарас повторно беше поуспешен во тај-брејкот за конечни 3:2 и пласман во четвртото коло.

Публиката беше на страната на Шпанецот и го исвиркуваше Циципас кој предизвика контроверзи поради своите долги тоалет паузи.

Гркот повторно ја искористи таа можност, но овој пат потроши четири минути пред да се врати на теренот.

Следен противник на Алкарас е Гојовчик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни