Поврзете се со нас

АТП

Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/RiyadhSeason

Новак Ѓоковиќ нема добри резултати во првите неколку месеци во оваа сезона, но без разлика на тоа тој се уште е број еден на АТП листата.

Србинот нема освоено ниту една титула што секако е изненадување, меѓутоа тоа не значи дека е во криза и за тоа се свесни неговите колеги, конкурентни како што е Карлос Алкарас.

-Ѓоковиќ никогаш не е ранлив. Сега нема извонредни резултати, иако се уште се многу добри. Полуфинале на грен слем и Мастерс во Монте Карло. Она што се случува е дека сме навикнати да го гледаме како се освојува.

-Нема тенисер без мани. Слаби точки има и Ѓоковиќ, иако се чини дека ги нема. Но, тешко е да се најдат бидејќи се многу мали и тешко се гледаат, -истакна Алкарас кој го откажа учеството на турнирот во Барселона поради болки во раката.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни