Поврзете се со нас

АТП

Алкарас е чудо од дете: Прва грен слем титула и историја во Њујорк!

Објавено

на

Карлос Алкарас го оправда епитетот чудо од дете, бидејќи во своето прво грен слем финале во кариерата играше како да е 10-тина година повозрасен, пристап со кој стигна до својата прва голема титула во кариерата.

Деветнаесетгодишниот Шпанец стана најмлад грен слем шампион во последните 20 години, но испиша и историја во Њујорк со победата во големото финале, бидејќи стана најмлад светски рекет број еден во историјата на тенисот.

Алкарас немаше лесна задача во финалето и доби жестока борба како во претходните две рунди кога ги совлада Синер и Тиафо, но за разлика од четвртфиналето и полуфиналето кога играше пет сета, сега работата ја заврши во четири.

Каспер Руд ги оправда очекувањата и покажа зошто играше во второ грен слем финале оваа сезона, но сепак ќе мора да почека за прва титула, и во моментов ќе се задоволи со второто место на АТП листата.

Норвежанецот сериозно напредува од година во година и веќе е вистинска елита во светскиот тенис, а иако првично важеше за специјалист за земја, сега игра врвно и на тврда подлога. Руд имаше голема шанса да поведе 2:1 во сетови во финалето и пропушти сет топки во 12-от гејм од кој траеше десет минути, по што имаше помрачување во тајбрејкот.

Алкарас доби седум поени во низа за водство од 2:1 во сетови, а потоа во четвртиот имаше поголема самодоверба и со 6:3 стигна до најголемиот успех во кариерата, а воедно и до историја со вкупни 6:4, 2:6, 7:6 и 6:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни