Поврзете се со нас

Англија

Алкантара постави уникатен рекорд уште на дебито во Премиер лигата, Клоп не го криеше задоволството (Фото)

Објавено

на

Тијаго Алкантара имаше деби од соништата во дресот на Ливерпул, бидејќи уште за време на првиот настап во Премиер лигата успеа да постави нов рекорд во елитното англиско друштво.

Досегашниот играч на Баерн Минхен влезе во игра на самиот старт на вториот дел на местото на повредениот Хендерсон, а доволни му беа само 45 минути за да постави нов уникатен рекорд во Премиер лигата.

Со него на теренот, Ливерпул постигна два гола и го доби големото дерби на „Стемфорд Бриџ“ против Челси, но навистина импресивно е она што шпанскиот репрезентативец го направи во период од само 45 минути. Цела игра на Ливерпул во вториот дел се сведе на неговите пасови на средината, па податоците ни открија дека тој успеал да реализира точно 75 додавање во второто полувреме.

На овој начин, Тијаго имаше повеќе пасови од сите играчи на Челси кои одиграа 90 минути, а воедно постави и рекорд за најмногу пасови во едно полувреме во Премиер лигата.

– Тијаго е до толку перфектен играч, што тој може да игра и да дебитира за тимот иако претходно не одработи ниту еден тренинг. Уште денеска дознавме на што е способен, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни