Поврзете се со нас

Македонија

Алкалоид со подобро второ полувреме до славје кај Бутел

Објавено

на

Ракометарите на Алкалоид се изборија за победа над Бутел од 23:20 во средбата од 6. коло во суперлигашкиот плеј-оф.

Актуелниот вицешампион требаше добро да се испоти за да дојде до посакуваниот резултат и тоа со подобро второ полувреме. Имено првите 30 минути беа израмнети, изедначени и на пауза се замина со 12:12.

Во вториот дел избраниците на Лазаров одиграа поцврсто во одбраната, го спуштија противникот на само осум голови што беше доволно за да се дојде до четвртата победа во оваа фаза на шампионатот.

Митев и Серафимов дадоа по пет гола, додека Николов имаше девет реализации кај Бутел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни