Поврзете се со нас

Шпанија

Алаба сака да игра со ѕвездата која е на излезни врати од Реал: Toj со години е одличен

Објавено

на

Давид Алаба денеска ја имаше официјалната промоција како нов играч на Реал Мадрид, клуб кој го избра за нов дом откако ја заврши приказната со германскиот великан Баерн Минхен.

Од Алаба многу се очекува на „Сантијаго Бернабеу“ сега кога повеќе не е тука Серхио Рамос, а задачата за него ќе може да биде уште поголема, обврската позначајна ако си замине и Рафаел Варан кој според медиумите е на излезна врата од шпанскиот вицешампион.

Новото засилување на „кралевите“ се надева дека Французинот сепак ќе остане во сегашната средина и заедно со него ќе го формираат бедемот во одбранбената линија.

-Секако дека сакам да играм во Варан. Многу години игра одличен фудбал, не само сега. Тој е прекрасен дефанзивец и има одлични квалитети, -порача Давид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни