Поврзете се со нас

Балкан

АЕК Ларнака го потврди продолжувањето на договорот со Тричковски

Објавено

на

Иван Тричковски ќе остане во својот актуелен клуб АЕК Ларнака до 2024 година, а ваквите најави денеска беа потврдени со официјална информација од кипарскиот клуб.

Поранешниот македонски репрезентативец настапува за АЕК Ларнака од 2016 година и планира да остане во истата средина најмалку осум години, при што главна цел ќе бидат головите, односно успесите на својот тим.

Тричковски е капитен и најдобар стрелец на составот од Ларнака, а зад себе веќе има 119 голови, од кои 89 во кипарското првенство.

Македонецот има 34 година, во досегашната кариера освен за овој тим има играно за Вардар, Работнички, Црвена Звезда, Енозис, Апоел, Бриж, Васланд Беверен, Ал-Наср и Легија од Варшава.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни