Поврзете се со нас

Шпанија

Абреу: На Суарез ќе му бидат потребни 30 секунди за да се вклопи во Атлетико

Објавено

на

Луис Суарез ја заврши успешната приказна со Барселона, а неговиот нов предизвик е тимот на Атлетико Мадрид.

Клубот од шпанската престолнина одлучи да го донесе Уругваецот кој според Себастијан Абреу ќе биде топ потег за „колчонеросите“.

-Бев среќен кога слушнав за трансферот на Суарез затоа што сега може да има јасни цели. Тој се збогува со нешто толку неверојатно и возбудливо како неговата магија во Барселона. Тоа малку ги менува неговите првични [кариера] планови, но целосно не ги менува. Таа самодоверба мора да излезе. Ќе бидат потребни 30 секунди да се вклопи откако ќе си види со Чоло Симеоне. Штом Симеоне го пренесе тој отров на страста – 30 секунди гледајќи се очи в очи, -истакна Абреу кој не сака да го коментира потегот на Барселона така лесно да се откаже од неговиот сонародник.

-Надвор од фудбалски контекст, тие пуштаат продуктивен играч кој решава многу проблеми. Не е за мене да кажам дали има финансиски аспекти во клубот и тие треба да ги намалат годишните трошоци за тимот. Не сакам да имам мислење за сè, без ништо да знам, -допопми Абреу кој ќе остане запаметен во историјата како фудбалер со најмногу променети клубови, направени трансфери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни