Поврзете се со нас

Репрезентација

Тодоров официјализиран како 14 селектор во историјата на македонската кошаркарска репрезентација

Објавено

на

Искусниот 46 годишен стратег, Александар Тодоров од денеска и официјалное нов селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија.

Тодоров на клупата го наследува Јорданчо Давитков на кого не му беше продолжен договорот.

Поранешниот тренер на МЗТ Скопје во моментов работи во романскиот тим на Крајова и веројатно напоредно ќе ги извршува двете тренерски задачи. Негов помошник во репрезентацијата ќе биде актуелниот тренер на клубот од Аеродром, Ѓорѓи Кочов.

Инаку, Тодоров е вкупно 14 селектор на македонската кошаркарска репрезентација, а пред себе веднаш ќе се соочи со голем предизвик во квалификациите за пласман на Европското првенство каде Македонија е во група со Италија, Русија и Естонија.

Освен пласман на Европското првенство како главна цел, Тодоров најави дека ќе работи на тоа да ја подмлади селекцијата во слендиот период.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни