Поврзете се со нас

Свет

Барса му одржа лекција на Реал во „Ел Класико“, Миротиќ доби стоечки овации во „Палау Блауграна“ (Видео)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона му одржаа лекција на Реал Мадрид во првото лигашко „Ел Класико“ за оваа сезона.

Каталонците ги загубија првите две пресметки со „кралевите“ во кампањава и тоа во финалето на Супер Купот и Евролигата, но токму тоа како да им послужи како дополнителна мотивација и вечерва комплетно го надиграа вечниот ривал во „Палау Блауграна“ со 83-63.

Првата четвртина која заврши во корист на домашниот тим со 22-5 покажа каде ќе се движи овој натпревар, па така Барселона водена од тоа ја одржуваше предноста и заслужено дојде до посакуваниот резултат.

Миротиќ со 20 поени, 6 скокови и 1 асистенција беше најдобар поединец, па на крајот кога го напушташе теренот доби стоечки овации од навивачите на Барселона. Добра подршка за центарот беше Дилејни со 14 поени, двоцифрени беа уште Ханга и Курич.

 

Најсветла точка кај Реал беше резервистот Томпкинс со 13 поени.

Сега Реал, Барса и Сарагоса имаат идентичен учинок 12-3 и се на делба на првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни