Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Многу ми значи победата над Ѓоковиќ

Објавено

на

Александер Зверев се обидува на најдобар можен начин да се врати на терените и со тоа да покаже, потврди дека тешката повреда и период е веќе зад него.

Германецот успеа да слави над Новак Ѓоковиќ со 2-0 во сетови (6-3, 6-4) на егзибицискиот турнир во Дубаи каде се одржува Светската тениска лига. Оваа победа сигурно ќе му донесе дополнителна самодоверба на Зверев пред предизвиците кои престојат во новата година, па затоа и тој самиот се израдува на истата.

-Што е потребно да го победите Ѓоковиќ? Тоа е едноставно, да го играте вашиот најдобар тенис. Среќен сум за мојата прва победа после толку време, -рече Саша кој ја пофали публиката во Дубаи.

-Атмосферата беше одлична. Ми недостигаше теренот, да играм пред помлада публика, на стадиони, -истакна германскиот ас.

Зверев испрати „бомба“ во телото на Ѓоковиќ, Ноле срдечно одговори (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни