Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зидан по натпреварот со Сити и елиминацијата од Лигата на шампионите: Не ме прашувајте за иднината

Објавено

на

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан даде свој коментар за неговата иднина во клубот и за успешноста на сезоната.

Францускиот стратег посочи дека елиминација од Манчестер Сити не е некоја голема трагедија и дека сите тимови мора да прифатат пораз од таков тим.

– Секако дека не можеме да бидеме среќни затоа што испаднавме. Но, изгубивме од прекрасен тим и мора да го прифатиме тоа. Не ги искористивме шансите.

– Сепак, мора да бидеме горди на она што го остваривме оваа сезона. Речиси 95% од сезоната беше феноменална, -изјави Зинедин Зидан, а потоа даде коментар за својата иднина откако беше прашан за тоа.

– Не мора да ме прашувате тоа. Одиме на одмор, па се враќаме. Тренер сум на Реал Мадрид се додека не се случи нешто непредвидено, -заврши Зидан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни