Поврзете се со нас

Шпанија

Жоао Феликс го замолкнуваше Симеоне, тренерот на Атлетико му одговори со стил (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид им се врати на победите во шпанската Примера по двата неповолни резултати против Леванте, и тоа на многу тешко гостување кај атрактивниот Вилјареал кој е воден од Унаи Емери.

„Жолтата подморница“ беше поактивна и статистички подобра во сите параметри, но сепак ефикасноста беше на страната на гостите и тоа се покажа како клучно за освојување огромни три бода на „Ла Серамика“ стадионот.

Атлетико поведе со автоголот на Педраза, во продолжение Облак имаше фантастични одбрани, а во вториот дел точка стави Жоао Феликс кој минува низ тежок период. Португалецот се најде во втор план кај тренерот Симеоне и денеска го постигна првиот гол по пауза од 40 дена, а истиот го прослави на контроверзен начин, односно со својата гестикулација алудираше дека „замолкнува“ некој што го критикува.

Шпанските медиуми веднаш ја поврзаа оваа гестикулација со Чоло Симеоне и сметаат дека истата му беше посветена на аргентинскиот стручњак, кој пак даде интересен коментар по победата од 0:2.

– Мора да го прашаме Жоао за прославата. Најдобриот одговор ќе го даде тој, за кого беше тоа наменето. Постигна одличен гол, влезе добро во второто полувреме откако беше на клупата и потребно ни беше вакво нешто. Јас обожавам кога играчите се бунат и имаат вакви реакции, – изјави Симеоне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни