Поврзете се со нас

Конференциска лига

Жестока увертира за финалето: Хулиганите на Вест Хем и Фиорентина режираа хаос во Прага (Видео)

Објавено

на

Завршната епизода во Конференциската лига меѓу Фиорентина и Вест Хем ќе даде одговор за тоа кој ќе ја наследи Рома на врвот, но пред да дојде до почетокот на возбудувањата, полициските слубежници во Прага имале многу работа.

Хулиганите на двата клуба направиле вистински хаос во увертирата за големото финале кое се игра на „Фортуна арената“, со  тоа што подебелиот крај го извлекле Италијанците.

Радикалните тифози на Фиорентина влетале во бар полн со навивачи на Вест Хем и настанало вистинско лудило со директни физички пресметки, при кои биле употребувани и предмети и столици.

Полицијата од Прага извести дека се приведени најмалку 16 навивачи на Фиорентина, кои наместо да гледаат финале, сега ќе завршат во полиција и може да добијат жестоки казни.

Видеата од обичните минувачи покажуваат дека атмосферата била навистина жешка и дека навивачите не се штеделе еден со друг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни