Поврзете се со нас

Европски првенства

Жерар постави сериозно прашање: Не знам каква корист имаме од ова Европско првенство

Објавено

на

Франција денеска имаше слободен ден на Европското првенство на кое „триколорите“ важат за едни од главните фаворити за титулата, но ваквиот статус не го интересира голманот Венсан Жерар кој е разочаран од сите случувања.

Првиот голман на Франција го искористи денот пауза за да одработи интервју за домашните медиуми, на кои им порача дека ситуацијата полека станува бесмислена и ова Европско првенство нема никаква логика кога во еден натпреварувачки ден недостасуваат дури 105 играчи и лица од стручните штабови.

– Ретко си дозволувам вакви испади со изјави во јавноста, но мора да го искоментирам тоа што се случува на Европското првенство, а во нашиот случај тоа е Унгарија. Во овој момент ние не сме нападнати од вирусот, па затоа не може никој да ме обвини дека се жалам и дека плачам.

– Само денес имаме 105 позитивни случаи во репрезентацијата, се прашувам следното: Каква корист имаме од ова Европско првенство? Навистина не можам да разберам.

– Постои вистински проблем за сите и срамота е тоа што го доживуваме. Наместо да се фокусираме на играта, ние сме фокусирани на лотарија, постојано стравуваме да не добиеме позитивен тест и со тоа да бидеме присилени да си одиме. Не тестираат по двапати во ден и ќе биде навистина лошо ако некој се зарази на крајот. Сите држиме палци и се молиме тестот да не испадне позитивен, – вели Жерар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни