Поврзете се со нас

Репрезентација

За неполни четири дена: Распродадени билетите за натпреварот меѓу Македонија и Германија

Објавено

на

За неполни четири дена откако беа пуштени во продажба, билетите за натпреварот меѓу Македонија и Германија кој ќе се одигра на 11-ти октомври веќе се распродадени.

Фудбалската Федерација на Македонија излезе со свое соопштение и ја информираше јавноста дека веќе не може да се пронајде билет за средбата од квалификациите за Светското првенство која ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“.

– Билетите за натпреварот Македонија – Германија од квалификациите за Светското првенство 2022. се распродадени.

– Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот партнер за продажба на билети, MKTickets пушти во продажба половина од капацитетот на Националната арена колку што дозволуваат здравствените протоколи за заштита од коронавирусот.

– Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и навивачи на македонската репрезентација да ги почитуваат препораките за заштита од вирусот и со фер и коректно навивање да бидат поддршка за Македонија да дојде до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за СП, – гласи соопштението на ФФМ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни