Поврзете се со нас

АТП

Вудбриџ: Федерер никогаш повеќе нема да освои грен слем титула

Објавено

на

Рожер Федерер е еден од асовите кој остави голема трага во светот на тенисот, меѓутоа тој е на залезот на кариерата и само прашање на време кога ќе се збогува со активното играње.

Секако неговите фанови се надеваат дека Швајцарецот ќе може да се врати и повредите и понуди дел од својата магија, знаење, кавлитет, поточно биде конкурентен за најголемите трофеи без разлика што во 2022 ќе го прослави 41 роденден. Меѓутоа дали ова е возможно ќе покаже времето, но според легендата на австралискиот тенис, Тод Вудбриџ тоа е сценарио кое е тешко остварливо.

Вудбриџ немаше големи успеси во синг и освои две титули со највисок пласман на 19 место на АТП листата, меѓутоа затоа беше фантастичен во дубл каде беше број еден на светот, односно кариерата ја заврши со 83 пехари во оваа конкуренција.

-Мислам дека нема да го видиме во Австралија. Нема да го освои ниту Ролан Гарос, има 40 години, -вели Тод и додава:

-Мислам дека Рожер ќе излезе и ќе одигра неколку добри натпревари, но да победи на седум натпревари по ред на грен слем, мислам дека тоа нема повторно да го видиме, -заклучи Вудбриџ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни