Поврзете се со нас

Македонија

Второ засилување: Темелковски се договори со Академија ФМП

Објавено

на

Тимот на Академија ФМП го доведе второто засилување за наредната натпреварувачка сезона –тоа е младиот Славчо Темелковски.

Темелковски е поранешен играч на Работнички и Вардар, но и воедно македонски репрезентивец кој досега има настапувано за неколку возрасни категории.

-Доаѓам во клуб со амбиции, каде што ќе имам простор за напредок под водство на новиот тренер Александар Петровиќ. Сметам дека ја направив вистинската одлука и дека шансата која ја добивам од раководството и тренерот ќе ја оправдам во најдобро можно светло, -порача Темелковски кој минатата сезона ја заврши со просек од 9.5 поени и 8.27 скокови по натпревар.

Да посетиме првото засилување за Академија ФМП беше 24-годишниот Теодор Атанасов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни